“Сакам да бидам најдобар играч во лигата!” – Бен Симонс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

На драфтот во 2016 година Филаделфија го имаа првиот пик на драфтот и со него го драфтуваа Бен Симонс, кој во припремите се повреди и ја пропушти целата сезона. Сега, Симонс е спремен да направи атак на лигата и да им покаже на сите колкави се неговите квалитети.

 

Влегувајќи во сезоната, Бен Симонс заедно со Лонзо Бол и Маркел Фулц е меѓу главните фаворити за освојување на наградата Руки на Годината која му се доделува на најдобриот новајлија во сезоната. Но тој размислува на малку подолг рок и за себе има поставено повисоки цели.

“Мојата цел е да бидам најдобриот играч во лигата. Не се грижам за останатите новајлии или млади играчи, туку се грижам само за оние на самиот врв. Сакам да сум таму, на врвот.” – изјави Симонс за ESPN.

 

По влегувањето во лигата Бен Симонс го споредуваа со Леброн Џејмс. Тој во својата единствена година на колеџ имаше просек од 19.2 поени, 11.8 скокови и 4.8 асистенции по натпревар.