ОФИЦИЈАЛНО: Бојан Најденов го напушти Работнички и потпиша за ФК Смуха


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

26-годишниот Бојан Најденов го напушти тимот на Работнички и отсега својата фудбалска кариера ќе ја гради во египетската лига, во тимот на Смуха ФК.

 

Извесно беше дека Најденов ќе го напушти македонското првенство но трансферот во Египет дојде како вистинско изненадување за фановите на македонскиот фудбал.

 

Бојан Најденов е искусен играч од средината на теренот и тој пред да пристигне во Работнички играше за тимот на Хоризонт Турново. Има и четири настапи за сениорската репрезентација на Македонија.