Сопственикот на Рокетс донираше 4 милиони долари за поплавените во Хјустон


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Хјустон Рокетс објавија дека нивниот сопственик Лекси Александер донирал сума од 4 милиони долари за помош на настраданите семејства од поплавата во Хјустон.

 

Во обид да се помогне на заедницата, Рокетс и Александер покрај донацијата излегоа и со изјава до јавноста:

“Полни со тага во срцето ги сведочиме трагичните моменти низ кои поминуваат нашите сограѓани. Сопственикот Лесли Александер донираше 4 милиони долари за Фондот за помош на Хјустон, со цел градот да се врати во својот препознатлив изглед. Те молам остани безбеден, Хјустон!” – стоеше во изјавата.

 

Во хуманитарниот фонд свој придонес даде и новиот член на Хјустон Рокетс, Крис Пол, кој донираше 50.000 долари од својата прва плата од клубот.