ОФИЦИЈАЛНО: Саша Вујачиќ е нов играч на Торино


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Тимот на Торино “собра” НБА искуство во своите редови со тоа што го официјализираше преминот на Саша Вујачиќ од Њу Јорк Никс.

 

33-годишниот словенски плејмејкер е нов член на италијанскиот клуб Торино, потврдија челиниците на клубот. Тој се враќа во Европа по двегодишната авантура во тимот на Њу Јорк Никс, каде играше по десетина минути по натпревар.

Ова е големо засилување за италијанскиот прволигаш, бидејќи Вујачиќ е играч со големо искуство на светската сцена и се очекува во следната сезона да биде еден од главните играчи на Торино.

 

Вујачиќ претходно играше за Лос Анџелес Лејкерс, Њу Џерси Нетс, Анадолу Ефес, Рејер Венеција, Лаборал Куча и Истанбул ББ а има и два шампионски трофеи со тимот на Лејкерси.