ОФИЦИЈАЛНО: Стоук го потпишаа Кевин Вимер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Едно од поголемите трансфер-промашувања на Тотенхем во последните неколку сезони си најде нов клуб, и тоа во Премиер Лигата. Кевин Вимер и официјално нов член на Стоук.

 

Австрискиот стопер беше “закован” за клупата на Тотенхем во последната година, па се реши дека е време за нова авантура. Стоук го купија Вимер за 18 милиони фунти, што можеби се чини како голема сума за играч кој очигледно не се снајде добро во своите две сезони во Премиер Лигата, но тој е сѐ уште млад и има потенцијал дека може да биде солидна опција на стоперската позиција во иднина.

 

Вимер во Премиер Лигата дојде од тимот на Келн.