Борусија го обезбеди и потписот на Тољан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд потпиша договор со одличниот бек на Хофенхајм, Џереми Тољан.

За 23 годишниот играч сериозен интерес имаше и од редовите на Тотенхем, меѓутоа Тољан се одлучи да остане во Германија и да потпише петгодишен договор со Борусија Дортмунд.

„Тој е играч со голем потенцијал и ќе помогне многу на тимот во иднина“- коментираше спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Зорц.

Тољан беше член на репрезентацијата на Германија која го освои Европското првенство за млади играчи кое се одржа во Португалија.