АВ Охрид ги започна подготовките


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарскиот клуб АВ Охрид денес ги стартуваше подготовките во пресрет на новата сезона во македонскиот шампионат како и дебитантскиот настап во втората АБА Лига.

Избраниците на Петар Чочороски ги „запалија моторите“ и веднаш стартуваа со силно темпо на тренинзи.

Во клубот има седум нови имиња, Александар Николовски, Реми Бери, Евин Цого, Станислав Цонков, Војче Лекоски и Ѓорѓи Зафиров, а двајца американски интернационалци Деандре Рајт и Тајрон Џонсон треба да ги поминат дополнителните медицински прегледи пред да се приклучат на тимот.

Минатата сезона кошаркарите на АВ Охрид ја исполнија целта, обезбедување на опстанок, а оваа планираат да се замешаат во трката за плејоф местата.