За него се интересираа гиганти, но тој заминува во Премиер Лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

 

Играчот од средината на Баерн Минхен, Ренато Санчез, најверојатно ќе заврши во Свонси Сити, како позајмен играч, иако за него се интересираа, Јувентус, Милан, Интер, германските медиуми наведуваат дека тој оваа сезона ќе ја помине во Свонси, како позајмен играч.

Милан беше најконкретен во преговорите за португалскиот играч, но тој не изрази желба за преселба во Италија, а како денес медиумите пишуваат тој до крајот на денот ќе биде претставен како нов играч на Свонси.

Баерн Минхен, сакаше да го позајми играчот, но Италијанските гиганти сакаа да го добијат со опција за купување, можеби тоа е главната причина што суперталентираниот португалец не му се приклучи на Милан.

Вестите кој што пристигнаа од острвот се дека Свонси за позајмицата на Санчез ќе му плати на Баерн Минхен 5 милиони евра.