„Ако играме како против Арсенал, нема тим кој би можел да ни се спротистави“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Тимот на Јирген Клоп, напредува од натпревар во натпревар, а капитенот на „Црвените“ Џордан Хендерсон, верува дека овој тим на Ливерпул може да му се спротистави на било кој тим во Премиер Лигата.

Откако ќе помине интернационалната пауза, Ливерпул ќе се соочи со Манчестер Сити, тоа ќе биде уште еден голем тест за момците од „Енфилд“, но капитенот верува дека иако се без Кутињо, нивниот тим е многу квалитетен.

Во неделата, Арсенал, настрада на „Енфилд“, а високата победа од 4-0, Хендерсон ја смета како испраќање порака до другите тимови дека Ливерпул оваа сезона ќе игра врвен фудбал.

„Последниот натпревар го одигравме маестрално, но мора да продолжиме во слично темпо. Имаме тежок натпревар против Сити, сеуште е рано да се зборува, но нашиот тим изгледа многу позрело од минатата сезона.“ – изјави Хендерсон и додаде:

„Арсенал е одличен тим, со фантастични играчи. Знам дека моментално добиваат многу критики за нивната игра и поразот од 4-0, но тоа е затоа што нашиот тим е премногу добар, а кога би играле така цела сезона, не верувам дека има тим кој ќе не сопре“- заврши капитенот на Ливерпул.