Дурент: “Чувствувам дека Леброн ќе ја заврши кариерата во Кливленд”


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Една од главните теми низ целата претстојна сезона ќе биде договорот на Леброн Џејмс и неговата иднина. Постојат многу шпекулации дека тој ќе го напушти Кливленд и ќе замине во Лејкерс, но Кевин Дурент мисли поинаку.

 

“Мислам дека Леброн ќе остане во Кливленд до крајот на кариерата и истото му го кажав на него. Тоа е негов град, тој е урбан херој во Кливленд со тоа што им донесе титула. Не можам да го замислам во ниту една друга екипа до крајот на кариерата.” – изјави Дурент.

 

Договорот на Леброн Џејмс со Кавси завршува наредното лето и тој ќе има можност да го испита пазарот и понудите кои ќе му се најдат пред него.