Официјално: Санчес една година во Свонси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Свонси ја комплетираше едногодишната позајмица на играчот на Баерн Минхен, Ренато Санчес.

Комплетирана е целосната документација која беше неопходна за реализација на трансферот, и младиот Португалец ќе се приклучи на новите соиграчи веднаш по завршувањето на обврските со националниот тим.

Менаџерот на Свонси, Пол Клемент е запознаен со квалитетите на 20 годишниот играч од средниот ред затоа што работеше со него во Баерн Минхен кога му беше помошник на Карло Анчелоти пред да се пресели на „Либерти“ стадионот.