Крај на сагата: Мбапе официјално во ПСЖ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб ПСЖ штотуку го објави трансферот на Килијан Мбапе од редовите на Монако.

Младиот фудбалер се вртеше во медиумите во текот на целиот преоден рок, за конечен епилог на неговата иднина да видиме денес, на последниот ден од трансфер периодот.

Мбапе на „Паркот на Принцовите“ најпрво ќе пристигне како позајмен играч, за следното лето за сума од 180 милиони евра целосно да премине во редовите на ПСЖ.