Франција ја растури Холандија, Белгија броеше до девет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Франција славеше убедлива победа од 4:0 против Холандија. Французите беа фаворити на овој натпревар, но никој не очекуваше дека на вака убедлив начин буквално ќе ги здробат „лалињата“.

Првиот гол домаќините го постигнаа уште во 14. минута од натпреварот преку Гризман кој по одлична акција со Жиру ја погоди мрежата на Силесен.

Сите шанси за Холандија се срушија во 62. минута кога Кевин Стротман беше престрого исклучен откако доби два жолти картони во само неколку минути.

Само десетина минути подоцна Томас Лемар постигна фантастичен гол и ги реши дилемите кој ќе ги однесе трите бода од овој натпревар. Истиот фудбалер во 88. минута зголеми на 3:0 по одличната контра на „Галските петли“.

Точка на натпреварот стави новиот играч на ПСЖ, Килијан Мбапе кој по одличен продор ја затресе мрежата на Силесен во 91. минута.

Репрезентацијата на Белгија ги оправда очекувањата и до врв ја наполни мрежата на Гибралтар. „Црвените ѓаволи“ славеа со убедливи 9:0, а најдобар играч на денешниот натпревар беше бекот Томас Меуниер кој постигна три голови, а запиша и три асистенции. Играчот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку исто така беше стрелец на хет-трик, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Мертенс, Витсел и Еден Хазард.

Одличен натпревар одиграа и Бугарија и Шведска, а на крај се радуваа домаќините со 3:2. Бугарите водеа на двапати со головите на Манолев и Костадинов, а Шведска на двапати стигнуваше до израмнување. Сепак, на крајот Чочев донесе голема радост за Бугарија и со тоа ја зголеми неизвесноста во групата А.

Португалија со 5:1 славеше против Фарски Острови, а вредно за спомнување е тоа што КРистијано Роналдо постигна неверојатен погодок уште во третата минута за 1:0. Играчот на Реал Мадрид до крајот на натпреварот комплетираше хет-трик, додека во листата на стрелците се запишаа уште и Вилијам Карваљо  и Нелсон Оливеира.

Резултати:

Белгија- Гибралтар 9:0

Бугарија- Шведска 3:2

Кипар- БиХ 3:2

Франција- Холандија 4:0

Грција- Естонија 0:0

Луксембург- Белорусија 1:0

Унгарија- Летонија 3:1

Португалија- Фарски Острови 5:1

Швајцарија- Андора 3:0