Што се случува со Челси, ги одби и Баркли откако клубовите се договорија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси дефинитивно мака мачи да донесе уште некој фудбалер до крајот на преодниот рок.

На последниот ден од трансфер периодот челниците на Челси испратиле понуда во висина од 30 милиони фунти за услугите на Рос Баркли, а понудата била прифатена од страна на Евертон.

„Скај Спортс“ пишува дека играчот од средниот ред дури и заминал во Лондон, каде ги започнал медицинските прегледи, но потоа се премислил и решил да се врати во Евертон.

Одлуката на Баркли е навистина зачудувачка, а по ваквиот расплет на настаните се огласи и новинарот на „Скај Спортс“, Пол Мерсон.

„Буквално немам зборови. Оди кај шампионите,  ќе игра со Хазард, Вилиан. Тие немаат голем состав, па тој ќе имаше гарантирано место во тимот. Сакам да ја слушнам целата приказна, но јас сум шокиран“- коментираше Мерсон.