Сако конечно во редовите на Кристал Палас


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И покрај тоа што Ливерпул не отстапуваше, и не сакаше да го продаде Сако во редовите на Кристал Палас, тоа се случи три часа по истекот на преодниот рок.

Во три часот по полноќ, Кристал Палас потврди дека е комплетиран трансферот на Мамаду Сако за сума од 24 милиони фунти. Играчот од одбраната со тимот на де Бур потпиша четиригодишен договор.

Сако помина одреден дел од сезоната на „Селхрст Парк“ како позајмен фудбалер и беше еден од најдобрите играчи на тимот.