Официјално: Дринквотер пет години во Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дени Дринквотер и официјално е нов фудбалер на Челси откако доцна синоќа го комплетираше трансферот од редовите на Лестер Сити.

Повремениот англиски репрезентативец со актуелниот шампион на Англија потпиша петгодишен договор за сума од 35 милиони фунти.

„Пресреќен сум што сум играч на Челси и со нетрпение очекувам да започнам. Долга авантура беше доаѓањето тука, но сега сум многу среќен и очекувам да му помогнам на клубот да освои повеќе трофеи“- коментираше Дринквотер.

Дени Дринквотер е шесто засилување за Челси во овој преоден рок. Претходно Конте потпиша договор со Вили Кабаљеро, Антонио Рудигер, Тиему Бакајоко, Алваро Мората како и Давиде Запакоста кој исто така во Челси пристигна во последниот ден од трансфер периодот.