Лилард: “Требаше да бидам Ол-Стар играч четири години по ред”


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Демијан Лилард е еден од најдобрите играчи во НБА лигата но тој остана без настап на Ол-Стар натпреварите во последните две години.

 

Откако настапи на Ол-Стар натпреварите во 2014 и 2015 година, Лилард ги пропушти наредните наредните два Ол-Стар натпревари бидејќи ниту гласачите, ниту тренерите не го одбраа за да биде дел од престижниот избор на играчи во ревијалниот натпревар помеѓу Истокот и Западот.

“Требаше да настапам на Ол-Стар натпреварот две години по ред, сметам дека заслужував да бидам дел од тимот и во 2016 и 2017 година” – изјави Лилард.

 

Учесниците од Ол-Стар натпреварите ги бираат публиката и тренерите од лигата. Публиката гласа преку интернет и таа ги бира стартерите на двата тима по принципот ‘кој добил повеќе гласови’  а останатиот дел од тимот го бираат тренерите.