Официјално: Аврамовски една година во Војводина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од таборот на Војводина потврдија дека во последниот ден од преодниот рок клубот го засилиле дури шест фудбалери.

Меѓу новите играчи на клубот е и нашиот сега веќе поранешен младински репрезентативец, Даниел Аврамовски. Брзоногиот фудбалер во Нови Сад пристигнува на едногодишна позајмица од редовите на словенска Олимпија.

Покрај Аврамовски, Војводина го потврди трансферот и на екс вардарецот, Дамир Којашевиќ кој исто така на „Караѓорѓе“ ќе се задржи една сезона.