Мбапе го „изигра“ Зидан, а сега уште и се шегува на сметка на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

 

Во последниот ден од трансфер маркетот, конечно беше разрешена сапуницата околу Килијан Мбапе, кој важи за еден од најтелантираните помеѓу младите играчи.

Тој премина од Монако во ПСЖ, а беше мета на пола Европа, најзагреан за него се чинеше дека е Реал Мадрид, но на крајот тој заврши кај Нејмар во ПСЖ.

18-годишниот напаѓач, е пратен на позајмица во ПСЖ, а откако ќе заврши позајмицата тој ќе потпише договор со тимот од Париз до 2022 година.

Пред неколку месеци по социјалните мрежи се прошири веста дека новиот Тиери Анри, како што го споредуваат играчот, ќе потпише за клубот од неговото детство Реал Мадрид.

Самиот тој неколкупати изјави дека е голем фан на Реал Мадрид и дека негов идол е Кристијано Роналдо.

Парите го свртеа Мбапе кон претстолнината на Франција, а тоа дека детето нема преголем респект према првакот на Европа, и клубот за кој наводно навива, покажа фоторафијата на неговиот инстаграм профил.

Имено тој играл ФИФА 17, и се пофали со слика од крајот на играта како тој со Париз го демолирал Реал Мадрид со 6-3.