ЕвроБаскет: Гасол импресивен, нова голема победа на Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Пау Гасол со уште една импресивна придонесе за нова голема победа за Шпанија на ЕвроБаскет 2017. Шпанија ја победи Чешка со резултат 93-56.

 

Шпанците брзо ги решија сите прашања околу победникот на мечот против Чешка, дозволувајќи им на чешките кошаркари да постигнат само 23 поени во првото полувреме.

Најдобар играч на теренот денеска беше Пау Гасол, кој со неговите 23 поени, 8 скокови и шут од поле 9/10, им понуди вистинско шоу на фановите на Шпанија.

Од противничкиот тим на Чешка најефикасен беше Криж, кој имаше 11 поени.

 

Шпанија е најголемиот фаворит на ЕвроБаскет 2017 и засега целосно ја оправдува таа улога.