Солер: Ливерпул сакаше „луди“ 200 милиони евра за Кутињо…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Трансферот маркетот се затвори, а Фил Кутињо не премина во редовите на Барселона, бидејќи оштетата која ја барал тимот на Ливерпул била, нереална, велат раководните луѓе на „Каталонскиот“ гигант.

Иако многу навивачи на шпанскиот тим не се задоволни од управата и нивната работа околу трансферите, сепак директорот на Барселона, Солер изјави дека Ливерпул барал премногу пари за Кутињо и тоа е главната причина поради која тој не премина во шпанскиот клуб.

„Ливерпул бараше 200 милиони евра за Кутињо, а кога го слушнавме тоа ние се повлековме.“

„Оваа раководство на Барселона, нема никогаш да превезме толку голем ризик и да „фрли“ толку многу пари за еден играч“.

Барселона го доведе играчот на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле, за сума од 130 милиони евра, а Солер верува дека малдиот играч е мотивиран и ќе ги оправда сите вложени пари:

„Тој е доста млад играч, кој пристигна мотивиран, а ние сме задоволни од неговиот ентузијазам и очекуваме да блесне“. – заврши директорот на клубот Солер.