Дуваат позитивни ветришта во Македонскиот фудбал: Пандев донесе радост за целата нација (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Горан Пандев, вечерва постигна погодок за нашата фудбалска репрезентација против Израел, во квалификациски натпревар, последнот негов гол беше во 2008 година, а нашата селекција се радуваше на победата над Израел минимално со 0-1.

Втора победа во квалификациите за Светското првенство на нашите фудбалери, кој што немаат шанси за пласман на завршниот турнир во Русија, но избраниците на Ангеловски вечерва покажаа карактер и добра игра и се залагаа за секоја изгубена топка, а тоа на крајот резултираше со погодок на нашиот капитен кој во 73-минута го постави конечниот резултат.

Мораме да признаеме во Македонскиот фудбал, почнаа да дуваат позитивни ветришта и вечерва сосема заслужено нашиот тим славеше против Израелците.