ЕвроБаскет: Франција ја покажа офанзивната моќ во победата над Исланд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Франција забележа лесна победа над Исланд со која го подобри својот скор на 2-1, додека Исланд остана закован за дното во групата А и сега има скор од 0-3.

 

Откако го изгуби првиот натпревар на овој ЕвроБаскет, репрезентацијата на Франција се врати на победите и овојпат доминираше над Исланд со краен резултат 115-79. Од натпревар во натпревар француските кошаркари изгледаат подобро.

Нандо Де Коло беше најдобриот играч кај французите, забележувајќи 16 поени, 4 асистенции и 5 украдени топки. Јон Арнор Стефансон беше најефикасен кај исланѓаните, па и воопшто на целиот натпревар, забележувајќи 23 поени и 7 скока, но тоа не му помогна на Исланд да дојде до победа.

 

Франција и понатаму останува еден од најголемите фаворити за освојување на првенството и последните два натпревари покажуваат дека доколку се концентрирани, тие се репрезентација која може да победи секого.