ЕвроБаскет: Лука Дончиќ сјае, Словенија победува


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Најсветлата европска млада ѕвезда уште еднаш засвети на овој ЕвроБаскет и овојпат жртва беше репрезентацијата на Грција.

 

Лука Дончиќ, како и обично, беше импресивен во мечот против Грција кој неговата репрезентација го доби со 78-72.

Три четвртини грците даваа отпор, па дури и водеа на почетокот на четвртата четвртина, но тогаш репрезентацијата на Словенија предводена од Лука Дончиќ уфрли во втора брзина и го реши победникот.

Дончиќ уфрли 22 поени, а Драгиќ додаде 20 поени. Во репрезентацијата на Грција пак, најефикасен беше Костас Слукас, кој уфрли 18 поени а на тоа додаде и 6 асистенции.

 

Словенија има перфектен скор по првите три натпревари, со три победи.