ЕвроБаскет: Шоуто на Богдановиќ донесе победа за Хрватска

0

 

Хрватите поведени од Бојан Богдановиќ успеаја да стигнат до третата победа во третиот натпревар на Евробаскет 2017.

 

Репрезентацијата на Хрватска обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето откако денеска ја совлада Црна Гора со резултат 76-72.

Најдобар поединец на натпреварот беше хрватот Бојан Богдановиќ, кој уфрли 23 поени, притоа шутирајќи со 60% успешност од поле. Единствениот друг двоцифрен играч кај хрватите беше Дарио Шариќ, кој уфрли 14 поени.

Кај Црна Гора пак, најефикасен беше Тајрис Рајс со 22 поени, но тоа не беше доволно за неговата репрезентација да избегне пораз.

 

Црногорците ќе бараат победа во некој од следните два дуели со цел да обезбедат пласман во следната фаза од ЕвроБаскет 2017.

Share.