ЕвроБаскет: Порзингис повторно незапирлив, нова победа на Латвија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Играчот на Њу Јорк Никс уште еднаш им понуди одлична претстава на фановите на кошарката во натпреварот против Велика Британија.

 

Латвија и Велика Британија одиграа меч со голем број поени, кој на крајот заврши со победа на репрезентацијата на Латвија со 97-92.

Кристапс Порзингис повторно беше во центарот на вниманието, постигнувајќи 28 поени и додавајќи на тоа 8 скокови. Младиот крилен центар на Њу Јорк Никс прераснува во една од најсветлите ѕвезди во кошарката и тоа го покажува на најголемата сцена, токму на ЕвроБаскетот.

 

Ова беше втора последователна победа во третиот натпревар за Латвија и таа моментално се наоѓа на второто место во групата Д.