Елмас добива соиграч од Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фенербахче е пред реализација на трансферот на холандскиот репрезентативец Винсент Јансен од редовите на Тотенхем.

Јансен веќе е во Истанбул и се очекува во наредните неколку часа да ги изврши неопходните медицински прегледи пред да го официјализира траснферот во редовите на тимот предводен од Ајкут Кочман.

Јансен во Фенербахче ќе игра како позајмен фудбалер со можност неговиот договор целосно да биде откупен следната сезона.

Претходно Кочман истакна дека клубот не успеал во намерата во своите редови да го донесе Диего Коста од Челси.