ПСЖ покажа сила против Мец, деби гол за Мбапе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пари Сен Жермен уште на првиот натпревар во полн состав, вклучувајќи го и новиот играч Мбапе покажа дека ќе биде страв и трепет за своите противници.

Парижаните славеа убедлива победа од 5:1 на гостински терен против екипата на Мец.

Иако избраниците на Унаи Емери беа надмоќни и во првиот дел на пауза се замина со нерешен резултат (1:1). Кавани во 31. минута на асистенција на Нејмар го отвори резултатот, но само шест минути подоцна резултатот го изедначи Емануел Ривиер.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 56. минута кога Беноит Асу Екото престрого беше исклучен. Поранешниот играч на Тотенхем стартуваше врз Мбапе, стартот беше опасен, но според фудбалските критичари ни од далеку за црвен картон.

Само три минути откако Мец остана со играч помалку, Килиан Мбапе го постигна својот деби гол во дресот на ПСЖ. Младиот француски интернационалец налета на една одбиена топка и од 18 метри го матираше голманот на Мец.

Во 69. минута во листата на стрелци се запиша и најскапиот фудбалер во светот, Нејмар. Бразилецот со неверојатно прецизен удар од далечина ја запечати победата на ПСЖ.

Четвртиот погодок го постигна Едисон Кавани во 75. минута од натпреварот. Конечниот резултат го постави Лукас Мура во на три минути до крајот на натпреварот.