Ненајавен гостин , одлично искуство со Мастер Росен Николов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Теквондо клубовите ХВА РАНТ ИТФ и ХВА РАНТ ФИСТ викендов беа изненадени од ненајавен гостин,  Мастер Росен Николов (црн појас, VII дан) од Бугарија кој е еден од најдобрите инструктори во регионов и пошироко.

„На наше огромно задоволство не посети и несебично ни одржа семинар на кој го покажа неговото огромно знаење и искуство на нашите натпреварувачи, кои полека почнуваат да се подготвуваат за есенската натпреварувачка сезона“– коментираше Марјанчо Лазаревски, претседател на Ммакедонската теквондо федерација.

Инструкторите од Хва Ранг ИТФ и Хва Ранф Фист, Лазаревски и Јосифоски додаваат дека се презадоволни од семинарот и дека им е мило што тие огромен дел од своето знаење го имаат стекнато токму од врвниот мајстор Николов, а сега имаа прилика и нивните натпреварувачи да учат од него.Од клубовите истакнаа дека се надеваат дека во иднина ќе имаат уште вакви ненајавени посети кои се од непроценливо значење за развојот на теквондото во Македонија.