Стигна официјална потврда- Антиќ повторно „црвено бел“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда и официјално го потврди трансферот на нашиот интернационалец, Перо Антиќ.

Клубот од Белград објави дека во текот на денешниот ден Антиќ потпишал едногодишен договор со актуелниот шампион на АБА Лигата.

Антиќ во Црвена Звезда доаѓа со богато искуство и со три шампионски титули од Евролигата, а ова е втор пат да заигра во „црвено белиот“ табор. Претходно нашиот екс репрезентативец дресот на Црвена Звезда го носеше од 2007 до 2009 година.