Антиќ со емотивна порака се прости од Фенер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Перо Антиќ вчера потпиша едногодишен договор со тимот на Црвена Звезда и ќе се врати во „црно белиот“ дрес по десет години играње во врвните лиги во Европа, но и во НБА Лигата.

Нашиот Антиќ помина две фантастични сезони во дресот на турскиот гигант Фенербахче со кој стана и шампион во Евролигата.

Антиќ преку социјалните мрежи се прости со тимот од Истанбул: „Минатите две години беа неверојатно искуство. Многу незаборавни моменти, како да се биде дел од историјата станувајќи шампион во Евролигата со група одлични соиграчи, тренери и стручен штаб. Нема зборови да се објасни мојата благодарност до фановите кои ме поддржуваа додека бев тука. Ви благодарам за се и му посакувам се најдобро на Фенербахче во годините што доаѓаат“- напиша Перо Антиќ.