Манчестер Јунајтед го доби натпреварот но го изгуби Погба


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед со убедлива победа од 3:0 го стартуваше враќањето во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.

Избраниците на Мурињо ја оправдаа фаворитската улога и без поголем проблем славеа против Базел на „Олд Трафорд“.

Стрелци на головите за Манчестер Јунајтед беа Маруан Фелаини, Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд. Младиот напаѓач Рашфорд погоди на своето деби во Лигата на Шампионите. Претходно сега веќе стандардниот член на репрезентацијата на Англија постигнуваше голови на своите деби настапи во Премиер Лигата, Лигата на Европа, англискиот куп и репрезентацијата на Англија.

Сепак, „црвените ѓаволи“ имаат причина и да бидат загрижени затоа што уште во 19. минута го изгубија Пол Погба поради повреда. Колку ќе отсуствува францускиот интернационалец останува да видиме во следните денови.

Во вториот натпревар Бенфика беше домаќин на московскиот тим на ЦСКА Москва. И двата тима играа претпазливо во првиот дел и на полувреме заминаа без постигнат гол. Бенфика на самиот стартна второто полувреме успеа да поведе со голот на Сеферовиќ, меѓутоа „Армејците“  преку Витињо и Замалетдинов направија целосен пресврт и од Португалија си заминаа со трите бода.