Лео Меси го прекина проклетството против Буфон, Ристовски дебитираше во ЛШ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

 

Лионел Меси, го прекина проклетството против славнот италијански голман, Џиџи Буфон, тој вечерва постигна два од трите погодоци на Барселона против Јувентус.

„Бјанконерите“ минатата година ја исфрлија Барселона во 1/4 финалето, победувајќи ги со 3-0 дома и играјќи 0-0 на гости.

Мора да се признае дека Јувентус вечерва не беше комплетен, недостасуваа многу стандардни фудбалери и тоа: Маркисио, Кедира, Манџукиќ, Киелини и суспендираниот Квадрардо, додека пак Лихштајнер не беше во составот, кој загуби со 3-0 на „Камп Ноу“.

Јувентус добро го започна натпреварот и прв се закани, опасниот шут на Де Шиљо успеа да го скроти, Тер Штеген, со врвот на прстите, но судијата не забележа и Јувентус остана без корнер.

Одбраната на Јувентус делуваше сигурно, но Лео Меси пред двата тима да заминат на одмор, Меси го прекина проклетството и постигна гол против Буфон.

Во вториот дел продолжи танцот на Лео Меси кој беше незадржлив, шутираше, креираше, додаваше… А при еден таков негов продор, успеа да му избега на Даглас Кoста и да нафрли до Ракитиќ кој прецизно стрелаше во мрежата на Буфон и зголеми на 2-0.

КОнечниот резултат го поставо кој друг ако не Лео Меси, кој што во 70 минута од натпреварот го постигна својот втор гол на натпреварот.

Во другиот натпревар пак од групата Д, тимот на нашиот Стефан Ристовски, успеа да го победи Олимпијакос нагости со 3-2, нашиот репрезентативец остана на клупата, но тренерот го внесе во игра во 87 минута кога реултатот беше сеуште 3-0, за Спортинг, но грчкиот тим оттогаш успеа да постигне два гола, едниот во судиското надополнување и да избегне ужасен пораз. Крајниот резлутат беше 3-2 за Спортинг Лисабон.