ПСЖ покажа дека е еден од главните претенденти за тронот во ЛШ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во групата Б немаше изненадувања, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен го однесоа цел плен од натпреварите со Андерлехт односно Селтик.

Парижаните уште во првото полувреме против Селтик го решија прашањето на победникот. По првите 45 минути тимот предводен од Унаи Емери веќе имаше убедлива предност од 3:0, а до крајот на натпреварот резултатот беше 5:0. Фантастичното трио Нејмар, Мбапе и Кавани повторно се покажаа во одлично светло .Два гола постигна Кавани, а по еден Нејмар и Мбапе, додека пак еднаш сопствената мрежа ја тресеше и Лустиг. Со оваа убедлива победа ПСЖ покажа дека ќе биде страв и трепет оваа сезона во Лигата на шампионите.


Од друга страна Баерн имаше нешто повеќе проблеми во намерата да го совлада тимот на Андерлехт, но победата на „Баварците“ во ниту еден не беше доведена во прашање. На крајот Германците победија со убедливи 3:0. Уште во 12. минута Левандовски го отвори резултатот од пенал, а при тоа дефанзивецот Кумс доби директен црвен картон. Победата на Баерн Минхен ја потврди Тиаго Алкантара во 66. минута, а истата ја завери Џошуа Кимих во самиот финиш на натпреварот.