Делегат од Македонија на Светското Таеквондо првенство во С. Кореја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од 15 до 21 септември оваа година ќе се одржи Светското првенство во теквондо ИТФ во Пјонгјанг, Северна Кореја.

На овој најголем настан во теквондото и Македонија ќе има свој претставник. Имено, претседателот на Македонската ИТФ Федерација, Марјанчо Лазаревски ќе биде делегат на светскиот собир.

Со самото присуство на Лазаревски како делегат на првенството се гледа дека нашата федерација добро котира на светско ниво.

Светскиот вицешампион од Прага 1996 и носител на црн појас IV дан вели дека во Пјонгјанг планирал да носи и двајца свои натпреварувачи, но за жал поради немање можност да се обезбедат авионски билети на натпреварувачите ќе им биде скратена можноста да се претстават пред светската теквондо елита.

Како и безброј пати претходно така и овој пат најзаслужен за рејтингот на федерацијата е генералниот спонзор ПН Метал.