„Иниеста ќе остане верен и нема да ја напушти Барселона“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Генералниот менаџер на Јувентус, Бепе Марота, верува дека Андре Иниеста, ќе остане фудбалер на Барселона и следната сезона.

Еден период, Иниеста ијави дека сеуште нема потпишано нов договор со Каталонскиот клуб, со што ги подгреа шпекулациите дека би можел да заврши во Јувентус, но раководните луѓе на „Старата Дама“ се свесни дека тоа е речиси невозможно, и дека Иниеста ќе остане лојален на својата Барселона.

За несреќа на Јувентус, синоќа во нивниот меѓусебен дуел на Камп Ноу, Иниеста белскаше во дресот на Барселона и му погомна на својот тим да слави над „Бјанконерите“ со 3-0.

 

„Тој е голем шампион, сеуште има договор со Барселона, а сигурни сме дека и ќе ја продолжи верноста кон својот клуб“. – изјави Марота.

„Нема несогласувања во таборот на Барса, Иниеста е клучен играч и мислам дека ќе остане во Барса“- заврши генералниот менаџер на Јуве.