Не се смируваат тензиите во Баерн, Рибери бесен на Анчелоти


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Френк Рибери не можеше да го сокрие својот бес откако беше повлечен од игра во 78. минута на натпреварот против Андерлехт во рамките од Лигата на Шампионите.

Додека излегуваше од терен видлива беше нервозата на францускиот интернационалец кој бурно реагираше на потегот на Анчелоти.

На местото на Рибери влезе уште еден играч кој подолго време внесува немир во соблекувалната на  „Баварците“, Томас Милер. Покрај нив и Левнадовски не е задоволен од условите во Баерн, па така Карло Анчелоти ќе мора многу да поработи со своите незадоволни фудбалери.