Мамиќ: Ако ме осудат не одам во затвор, сам ќе си пресудам


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Советникот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ по подолго време се обрати на медиумите на прес конференција која траеше речиси 1 час и 20 минути.

Во текот на вчерашниот ден на Динамо за прв пат во последните 15 години му е блокирана сметката откако стигна пресуда против нив. За таа цел Мамиќ се обрати пред целата јавност во Хрватска.

„Дојдов во клубот и затекнав лоша атмосфера. Прашав што се случува, па ме информираа дека на Динамо за прв пат по 15 години му е блокирана сметката. Дражен Ладиќ ја добил пресудата и сметката на Динамо од вчера е блокирана. Тоа ме натера да се обратам на навивачите и граѓаните од оваа земја, зошто веќе долго време одиме кон една кулминација на уништување на целиот хрватски фудбал, а пред се на репрезентацијата и Динамо. Му честитам на Ладиќ и велам дека немам ништо против неговиот потег. Тој го доби тоа што му го додели судот и клубот ќе го исплати. Сметката наскоро ќе биде одблокирана“- ја започна Мамиќ својата пресконференција.

Потоа следуваше говор кој ги изненади сите присутни на пресот. Имено, Мамиќ порача дека неговата управа докажала дека е способна и ќе се погрижи Динамо да не пропадне, но и нагласи дека е подготвен да си замине од Хрватска, но дека не може затоа што против него се води судски спор.

„Јас би ја напуштил Хрватска во истиот момент, но не можам зошто ми се суди. Ако ме ослободат, ќе ја напуштам Хрватска. Ако ме осудат, хрватскиот затвор нема да ме види затоа што пред тоа сам себе ќе си пресудам“- коментираше Мамиќ.