Реал Мадрид славеше над Апоел, Тотенхем го доби дербито на вечерта!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид очекувано лесно славеше против Апоел Никозија со 3:0.

Кристијано Роналдо уште во 12тата минута погоди по асистенција на Бејл, а потоа во 51вата повторно но овој пат од пенал, со што и постана играчот со најмногу погодени пенали во ЛШ. Конечниот резултат го донесе Серхио Рамос во 61ва минута.

Дербито на вечерта беше Тотенхем против Борусија од Дортмунд.

Рано водство имаа петлите со погодок на Мин во 5та минута, но само после пет минути игра Јармоленко врати со фантастичен погодок.

Сепак, Тотенхем ја покажа своја подготвеност и после 3 минути игра Хери Кејн стрелаше за 2:1, а потоа во 60тата минута исто така Кејн стрелаше и за 3:1 и демолирање на Дортмунд во Лондон.