Евробаскет: Маестралниот Богдан ја однесе Србија во големото финале


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Српската кошаркарска репрезентација синоќа одигра уште еден одличен натпревар на овогодинешнот Евробаскет и се пласираше во финалето, откако ја победи Русија со 87:79.

Сенка на големата победа на Србија, остави повредата на Стефан Јовиќ, на кого во третата четвртина му настрада скочниот зглоб. Засега не е познато која е тежината на повредата, но се надеваме дека со плејмејкерот на нашиот сосед се ќе биде во најдобар ред.

Алекандар Џорџевиќ, тренерот кој ја превзеде дигитронската палка во свои раце, Србија му покажа на светот дека е коаркарска велесила. Мундобаскет, Олимписките Игри, Евробаскет, на сите овие натпреварувања Србија играше во финалето, а овој пат без своите најгоелми ѕвезди: Теодосиќ и Јокиќ, но останатите играчи ја вивнаа Србија во висините, играа сите за еден, еден за сите. Така чекор по чекор се до финалето, а лидер на овие момци е малиот Богдан БОгдановиќ кој блеска на оваа натпреварување.

Најодбриот Српски кошаркар, на Евробаскетот Богановиќ, синоќа натпреварот го заврши со 24 поени, но треба да се напомене дека тој во завршницата превзеде одговороност и го правеше тоа одлично. Бобан Марјановиќ во српскиот ростер постигна 18 поени имаше шест скокови и четири асистенции.

Во Рускиот состав најдобар беше Алексеј Швед кој уфрли 33 поени, ВОронцевиќ 14, а Тимофеј Мозгов 11 поени, кој што не беа доволни за да се победи расположената Србија.