Без победник во Лондонското дерби: „Топчиите“ ги заслужија трите, но извлекоа само еден бод


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

За прв пат во последните шест години, Арсенал успеа да го сопре Челзи, на гостински терен и да извлече поволен резултат.

Тимот на Челзи во финишот на натперварот играше со играч помалку, откако Давид Луиз беше исклчен по остриот старт над Колошинец.

Арон Рамзи ја имаше најдобрата шанса за Арсенал, откако ја предрибла одбраната на Челзи, шутираше, а топката го погоди диеркот.

Петр Чех, поранешниот голман на Челзи,немаше многу работа, но се истакна во вториот дел откако успеа да го одбрани одличниот шут на Еден Азар, кој што ќе завршеше горе во аголот.

Иако многумина го отпишаа тимот на Внгер во овој натпревар може да се каже дека имаше повеќе шанси за победата од „Сините“ на Антонио КОнте, но на крајот натпреварот заврши со реален резултат 0-0.