Евробаскет: Словенија е новиот европски шампион !


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Словенија го освои првиот европски медал, во нивната понова историја и тоа каков, во финалето за златото ја победија Србија со 93:85.

Кошаркарите на Србија не успеаја да се искачат на Европскиот пиедестал, бидејќи изгубија од Словенците, кој што вечерва што шутнаа погодија.

Се држеше Србија колку што можеше, запна Стефан јовиќ од петни жили, и играше со голема болка во ногата, но не успеа многу да помогне. Богдан Богдановиќ, даваше се од себе, да го надополни плејмејкерскиот недостаток во свјот тим, додека неговите шутеви ги превзема Гудуриќ, па потоа Мициќ, но не успеаја да погодат кога најмногу им требаше на Србија.

Едноставно Српските кошаркари не можеа да ја добијат трката на паркетот која ја наметна, Словенија, бидејќи не можеше да ја искористи високата центарска предност.

Кај Србија беше најефикасен, Богдановиќ кој уфрли 22 поени, следеше Мачван кој запиша 18 поени. Кај Словенците најдобар беше Горан Драиќ кој одигра НБА партија и постигна 35 поени, потоа Препелиќ кој даде 21 поен и Рендолф имаше 11 поени.