Вардар лесно се справи со Татран Прешов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Вардар немаше поголеми проблеми против Татран Прешов и со резултат 32:28 славеше во четвртото коло од СЕХА Лигата.

Раул Гонзалез повторно шанса му даде на младиот голман Даниел Ѓорѓевски кој го одигра целиот натпревар за „црвено црните“. На крајот Ѓорѓевски собра осум интервенции.

По првиот дел Вардар веќе имаше убедлива предност од плус седум (18:11), а по ротациите во составот кои ги направи Гонзалез во вториот дел, гостите од Прешов пред самиот крај успеаја да ја намалат разликата, но не и да направат чудо и да однесат барем бод дома.

Неколку играчи од Вардар го завршија натпреварот со четири погодоци. Мораеш, Карачиќ, Циндриќ, Шишкарев и Борозан по четири пати ја затресоа мрежата на Татран.