Крај на сагата, Коста се враќа во Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Челси официјално потврдија дека е постигнат договор со Атлетико Мадрид за висината на оштетата за Диего Коста.

Шпанскиот интернационалец треба да ги комплетира медицинските прегледи пред да направи трансфер кај „Јорганџиите“.

Атлетико Мадрид на Челси за услугите на Коста ќе им плати 53 милиони фунти што ќе претставува рекорден трансфер на клубот. Претходно рекорден трансфер на клубот беше Радамел Фалкао кој во 2011 од Порто за сума од 33 милиони фунти се пресели во Атлетико Мадрид.