Се одбранија од Барселона, сега следи напад од Реал: „Кралевите“ заинтересирани за Мане


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на „Диарио Мадридиста“ од редовите на Реал Мадрид следната година со сите сили ќе тргнат кон потписот на Садио Мане од Ливерпул.

Од Реал Мадрид овој трансфер период се насочија кон ангажирање млади фудбалери кои треба да го носат товарот во иднина. Од клубот ги задржаа и сите важни играчи, со исклучок на Мората кој замина во Челси.

Многумина сметаа дека тоа е одлична трансфер политика на „Кралевите“, но по стартот на новата сезона Реал заостанува дури седум бодови зад водечката Барселона. Причина за тоа се повредите и суспензиите со кои се соочија првотимците на Реал, а нивните замени баш и не ги оправдаа очекувањата.

Од Ливерпул успеа да ги одбие сите напади од Барселона за Кутињо, а сега се соочуваат со нов предизвик затоа што Реал Мадрид сериозно ќе тргне по потписот на нивниот најдобар фудбалер.