Хет-трик на Мората на „Британија“, Сити продолжува да „гази“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во денешните натпревари од шестото коло од Премиер Лигата фаворитите одиграа по планот и остварија сигурни победи.

Челси на незгодното гостување на „Бртианија“ со високи 4:0 славеше против Стоук, а креатор на победата беше Алваро Мората кој постигна хет-трик. Уште во втората минута Мората го отвори резултатот, на 2:0 зголеми Педро. Во 77. минута 82. минута Мората ги постигна последните два гола на натпреварот.

Манчестер Сити со пет „парчиња“ го почасти Кристал Палас и ја продолжи низата од убедливи победи. Стрелци на головите за „Граѓаните“ беа  Сане, Стерлинг на два пати, Фабијан Делф и Серхио Агуеро.

Манчестер Јунатјед минимално со 1:0 славеше на незгодното гостување кај Саутемптон. Херој на победата беше Ромелу Лукаку кој во 20. минута го матираше Фрејзер Фостер  и го постигна својот шести погодок оваа сезона.

Резултати:

Стоук- Челси 0:4

Манчестер Сити- Кристал Палас 5:0

Саутемптон- Манчестер Јнајтед 0:1

Евертон- Борнмут 2:1

Барнли- Хадерсфилд 0:0

Свонси- Вотфорд 1:1