Евертон не успеал да го доведе Коста, а понудил огромни пари


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Како што пишува „Макра“, Евертон во последните денови од трансфер периодот до Челси испратил понуда вредна 75 милиони евра но истата била одбиена затоа што играчот не сакал да се пресели на „Гудисон Парк“.

Коста конечно го комплетира трансферот во Атлетико Мадрид, а во последните денови од трансфер периодот на адреса на Челси стигнувале неколку богати понуди.

Покрај понудата од Евертон, Коста одбил да се пресели и во Милан и тоа како позајмен фудбалер иако „Росонерите“ му нуделе астрономска плата.

Коста направи трансфер во Атлетико пред два дена и ќе има право на настап дури по јануарскиот преоден рок.