Примија 16 гола на шест натпревари, а спас ќе бараат во Мексес ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Новајлијата во Серија А, тимот на Беневенто се поврзува со поранешнио играч на Милан и Рома, дефанзивецот Филип Мексес.

Беневенто мора да најде дефанзивец кој ќе им помогне да не бидат вреќа за удирање, откако тие во првите шест кола примија 16 погодоци.

35 -годишниот фудбалер е слободен играч, откако го напушти Милан, минатата година, но има големо искуство бидејќи во Серија А тој настапи на повеќе од 400 натпревари.

Медиумите во Италија пренесуваат, дека Беневенто ќе проба да го ангажира Мексес, но ако не успеат ќе се свртат кон Паоло Делафиоре.