Базел ја торпедираше Бенфика, Јунајтед лесно во Русија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Базел ја торпедираше Бенфика на домашен терен со високи 5:0.

Ланг во втората минута постигна гол за водство а тоа го зголеми Оберлинд во 20тата. На пауза швајцарците заминаа со предност од 2:0.

Сепак тоа не беше крајот, во 59тата ван Волфсвинкен стрелаше од белата точка за 3:0, потоа повторно Оберлин за 4:0 за на крајот Риверос да постигне погодок и Бенфика да биде торпедирана ноќва во Базел.

Јунајтед немаше потешкотии против ЦСКА во Москва. Победата ја загарантираа уште во првиот дел. Лукаку стрелаше во 4тата минута, потоа Марсијал од пенал, па повторно Лукаку за 0:3 на полувреме.

Во вториот дел Миктаријан постигна погодок и веќе на самиот крај Кучаев намали на 1:4.