Сепак нешто било и во парите, ПСЖ убедливо го совлада Баерн!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Робен денеска порано изјави дека не е се во парите и дека во фудбалот победува добрата игра, а не скапите фудбалери. ПСЖ денеска докажа дека парите не се залудно фрлени и дека оваа сезона се страв и трепет во фудбалскиот свет.

Победа од 3:0 против големиот Баерн Минхен не е мала работа ниту за голем тим како ПСЖ.

Баерн беше уништен уште во првиот дел, кога Алвеш во 2рата минута и Кавани во 31вата постигнаа погодоци кои го уништија тимот од Баварија.

Финалето на уништувањето на тимот од Минхен пристигна во 63тата кога Нејмар, најскапиот играч од дури 222 милиони евра постигна погодок за конечни 3:0.

Во другиот натпревар кој се играше во Белгија помеѓу Андерлехт и Селтик исто беше 3:0 но за гостинскиот тим од Шкотска.

Грифитс постигна погодок во првиот дел за Селтик а во вториот Кара си постигна автогол и Синцилар во судиското надополнување погоди за конечни 3:0 и победа на Селтик во Белгија.